Старец (79) од Србија денеска ќе се појави пред суд по обвинение за убиство на Ксенија К.(32), сопруга на неговиот внук, во Швајцарија.
Тој е обвинет за пукање и убиство на Ксенија во 2021 година, откако таа претходно поднела барање за развод.
Според јавното обвинителство, поттикот било тоа што таа не сакала да се врати кај неговиот внук во Србија и наместо тоа поднела барање за развод.
„Жената не се однесувала во согласност со неговите вредности – што ја нарушило неговата чест и честа на неговото семејство“, велат од обвинителството.
На 16 февруари 2021 година, околу еден месец пред датумот на развод, дедото неочекувано заѕвонил на вратата на сопругата на неговиот внук и се претставил како „Дедо“.
Кога влегол во станот, Ксенија му сварила кафе, а тој ја чекал дадилката да оди во пералната.
Според обвинителството, кога останал сам со жртвата, извадил пиштол и од непосредна близина ја застрелал Ксенија, три пати во главата и три пати во горниот дел од телото.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, дедото се уште бил во станот.
Според обвинителството, осомничениот отпатувал во Швајцарија специјално за делото.
Сопругот на Ксенија по злосторството изјавил дека се чувствува многу лошо.
„Срцето ми е уништено“, рекол тој.
Не може да објасни зошто дедо му ја убил мајката на неговите три деца.
Тој негираше дека има некаква врска со злосторството.
На дедото му се заканува затворска казна од 10 години до доживотен затвор.