Нов земјотрес ја погоди Индонезија

Нов-земјотрес-ја-погоди-Индонезија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Тихиот Океан, во близина на брегот на Филипините.


Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 километри, на 100 километри источно од островот Сарангани, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Засега нема информации за жртви или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Индонезија, на 145 километри од градот Телук Далам, покажуваат податоците на USGS. Земјотресот бил на длабочина од 17 километри, а нема информации за материјална штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK