Претседателот на синдикатот на контролорите за летање, Александар Тасевски, повика на здравје, мир, љубов и сплотеност кога во земјата се празнува Божик, а се’ уште се зборува за последните случувања со упадот и насилството во М-НАВ и одговорот на институциите.
Тасевски посака здравје за сите инволвирани, мир и разум при реакциите, љубов за сите искрени поддржувачи, и сплотеност за тие што се борат за истите причини.
„Валканите игри, иако очекувани, ја отежнуваат нашата борба, но истотака и непромислените коментари и реакции кои иако во мал број, не ни одат во прилог. Ни мене, ни на ССКЛ како наше семејство. Би ве замолил, со мир, љубов и сплотеност, да не се расплиниме по етничка линија, нешто што некој друг се обидува да го направи, да не им помогнеме во намерата. Се бориме за професионалност, не за Македонци или Аалбанци, не за поединци, не за партии! Професионалци имаме, Македонци и Албанци. Некои невкусни коментари индиректно фрлаат дамка и врз нивната искрена работа и труд и нивната поддршка. Нека на овој голем празник, овие зборови допрат до вас, и со ладни глави, љубов во срцето, дозволете да бидеме сплотени, како што сме почнале“, вели Тасевски.
Како што додава, кај нив поделбата е надмината и затоа се успешни. Тоа е тајната и за просперитетна држава во каква сите посакуваме да живееме, додава Тасевски честитајќи го празникот.