Вчера во 18.50 часот С.Џ.(36) од селото Палатица, тетовско, вработен на наплатна рампа „Желино“ пријавил дека бил физички нападнат од едно лице кое не сакало да плати патарина.
Според пријавеното, лицето во нападот користело и пластичен предмет, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.