Поранешниот американски претседател Барак Обама имал таен ручек со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа за да го повика да биде „поагресивен“ – затоа што се „стравува дека Трамп е пострашен“ отколку што мисли актуелниот лидер.
Обама ги сподели своите грижи и совети за кампањата на неговиот поранешен потпретседател, според новиот извештај.
Тој предложи Бајден да ја обнови својата кампања за да биде поагилна, објави „Вашингтон пост“ во саботата, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.
Средбата наводно, се одржала во последните месеци, но претходно не била најавена, а Обама не се појавува во дневникот за посетители на Белата куќа, кој има исклучоци за одредени видови посети.
Според „Вашингрон пост“, Обама предложил кампањата на Бајден со седиште во Делавер да стане поагресивна и да се овласти да работи без одобрение од Белата куќа, каде што се многу врвни советници на Бајден.
На посебен ручек минатото лето, Обама исто така ја сподели својата загриженост дека Трамп е пострашен противник отколку што сфаќаат многу демократи, наведувајќи ја неговата тврдокорна база, длабоко поларизирана земја и поддршката од конзервативните медиуми, изјавија извори за Вашингтон пост.
„Ако изборите се одржат утре, претседателот Бајден би изгубил“, изјави за АФП Вилијам Галстон, висок соработник во Институтот Брукингс.
Веќе со месеци, демократите бараат засилување на кампањата на Бајден, додека загриженоста на гласачите се зголемува за економијата и возраста на најстариот американски претседател.
Бајден го направи токму тоа во петокот на почетокот на 2024 година со предизборен говор во Пенсилванија, остро осудувајќи го Трамп.
Демократот го спореди својот републикански ривал со нацистите и го означи како „болен“, „губитник“ и закана за американската демократија.
Прашањето сега е дали таа стратегија – идентификување на Трамп како негов главен ривал дури и пред официјално да започне процесот на номинација на републиканците – ќе биде доволна за да ги поттикне неговите гласачи на општите избори.
Досега, стратегијата на Бајден се фокусираше на позитивни пораки за неговите достигнувања – особено извлекувањето на економијата од пандемијата „Ковид-19“, но многу Американци сè уште се ги чувствуваат ефектите од високите цени на храна и домување, и покрај владините статистики.
Миграцијата преку мексиканската граница останува главна болна точка, додека партијата на Бајден е поделена околу неговата поддршка за израелската војна против Хамас, а републиканците во Конгресот го блокираат барањето за поголемо финансирање за Украина.
Но, можеби најголемата ранливост на Бајден е неговата возраст: тој претрпе серија гафови и вербални лапсуси кои Трамп, само четири години помлад на 77 години, постојано ги исмеваше, пишува весникот.