Потребна е итна оставка на Бубевски и Спасовски после објавата на српскиот политичар за убиството на малата Вања, објави професорот Кекеновски

Потребна-е-итна-оставка-на-Бубевски-и-Спасовски-после-објавата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетскиот професорот Јове Кекеновски се огласи на „Фејсбук“ и повика на инта оставка на шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако српскиот политичар Срѓан Ного во видео на Јутјуб, ја обвини македонската полицијата и Обвинителство, тврдејќи дека се неспособни или пак, ги „монтираат“ причините и вистината за смртта на фризерот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.


„И сега што правиме? Вистината мора да излезе на виделина. После денешната објава на српскиот политичар Срѓан Ного јасно е дека за расчистување на случајот во врска со убиството на малата Вања и Панче и доаѓање до вистината и правдата потребно е под итно оставка на Бубевски и Спасовски“, напиша Кекеновски во објава на „Фејсбук“.

 

Политичарот Ного вели дека е наместен таткото на Вања Ѓорчевска. Според Ного, таткото на Вања е многу богат човек и не му требала позајмица од неговата поранешна сопруга, како што е информацијата која е пласирана во јавноста. Таткото на Вања имал станови вредни половина милион евра, не пиел, не се коцкал а дрога не користел 30 години.

Ного вели дека според неговите информации, а и според досега познатите докази, станува збор за нарачано убиство во кое Љупчо Палевски и неговата банда се само егзекутори, а македонските институции не се способни да го најдат нарачателот, ниту, пак, да ги откријат мотивите за тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK