Јанкуловска прослави Бадник со семејството по три години во затвор. На својот „Фејсбук“ профил таа објави фотографија и напиша „Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ“.
Јанкуловска и претходно објави фотографија на социјалните мрежи како го подготвува лепчето со паричка за Бадник.
По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. Во одлуката на судот стоеше дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори: Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше на издржување затворска казна во КПУ – Идризово. Осудена беше на четири години затвор за предметот „Тенк”, во септември 2020 година.