Неподвижна пациентка го прослави Бадник во Клиника Жан Митрев како во домашна атмосфера. Вработените на Клиника Жан Митрев организираа бадникова трпеза за да може пациентката, која по комплексна операција на рбетот не смее да се движи, да ја почувствува празничната атмосфера.
Болничката соба беше украсена со бадниково дрво, беше направено бадниково лепче и сите традиционални бадникови јадења.