Македонија е на ова дереџе бидејќи способните, чесни и квалитетни луѓе се држат надвор од политика, граѓански активизам, влијанија во јавниот живот….
Тие си живеат во свој “меур”.
Создаваат бизнис или градат кариери.
Легитимно….но за средена земја.
Тие остануваат пасивни и оставаат простор во јавниот сектор на позиции да дојдат неспособни и нечесни луѓе. Луѓе кои ако не е политиката тешко може да се снајдат….или полуреализирани кои влегуваат во политика за да се збогатат.
И така….кога после одредено време чесните и способните ќе мора да излезат надвор од нивниот меур или лошата состојба ќе навлегува во меурот ќе почнат да се соочуваат со последиците од руинираното образование, здравство, екологија….е тогаш размислуваат за заминување.
Тажно е што не размислуваат за активирање.
А постојат различни форми за активирање…не мора директно во политичка партија.
Но некако се создаде чувство дека треба да се бега од политика или било која форма на граѓански активизам.
Во исто време неколку кои пробале согледале дека и во граѓанскиот активизам фалат луѓе или дека оди тешко на таков начин и се вратиле назад во својот меур.
Но другари нема друго освен способните и чесните да сфатат дека и јавниот сектор е заеднички интерес.
Замислете сите револуционери и борци за Македонија да си нашле оправдување зошто да останат пасивни или да се иселат. Па Гоце Делчев бил даскал. Што му требала борбата? Имал комотен живот.
Солидарност и колективен mindset ни фали.
А ситуацијата се решава.
Се решава со способни и чесни луѓе.
Со активни и упорни луѓе.
Со активност фокусирана на среден рок.
Но тажно е колку е полесно да се откажеш и да заминеш наместо да останеш и да се бориш.
Колку е полесно да им плукнеш на маката на сите кои ги оставиле животите за Македонија и да си заминеш.
Но тоа е.
На испит е дали ние вистински сакаме држава.
Наша.
Организирана.
За сега покажува дека личното е пред колективното.
А кога мислам на држава не мислам на ништо друго освен на функционални системи (образование, судство, здравство, админсутрција…) и просперитетна економија.
Да се надевам дека повеќе способни и чесни ќе се освестат и ќе се активираат.
А и тие кои заминале да размислат како од таму да помогнат.