Најавената финансиска полиција која ќе влезе во М-Нав е само игра за јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најавената-финансиска-полиција-која-ќе-влезе-во-М-Нав-е-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европските боксови во М-НАВ се доказ за неевропските криминални банди на ДУИ и СДС, загрозена е безбедноста на патниците кои летаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Власта предводена од СДС и ДУИ одлучи да молчи за скандалот во Македонска навигација или М-НАВ и да одмори до 9 јануари за кога им е закажана владина седница. Тоа што е направен упад во објект од критична инфраструктура не е ништо важно. Лицата предводени од Беким Незири влегоа во зградата на Македонска навигација ги нападнаа вработените додека ги следат слетувањата и полетувањата, како и прелетите над македонското небо, а Владата на СДС и ДУИ одлучи да молчи. Веројатно Димитар Ковачевски чека амин од ДУИ за понатамошните постапки, а можеби и тој како и директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди смета дека тоа не било напад, туку „кошкање меѓу вработени“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, власта предводена од СДС и ДУИ уште еднаш го покажа лажното проевропското лице.

„Да ја потсетиме Владата. Прво, зградата на Македонска навигација е објект од критична инфраструктура, од исклучителна важност за функционирањето на државата, како и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај. Второ, упадот во ваков објект е безбедносен скандал од меѓународни рамки. Оттука, јасно е дека станува збор за казнено дело дефинирано во Казнениот законик. Најавената финансиска полиција која во вторник наредната недела ќе влезе во М-Нав и изведувањето на Незири и уште неколкумина други лица синоќа пред судија на претходна постапка е само игра за јавноста. За случајот упад во М-Нав мора да реагира Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство и во најкраток можен рок да ги санкционираат учесниците во настанот.“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Владата пак треба веднаш да го разреши раководството на М-Нав, а не да чека. Оставка да поднесе и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Едноставно е, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK