Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, што се случи синоќа на автопатот А-1 кај Карловац, соопшти полицијата.
Јутарњи лист дознава дека 12 лица се повредени и згрижени во четири болници. Несреќата се случила околу 01:40 часот на автопатот А-1, во правец кон југ, после тунелот Свети Марко, а во неа учествувале повеќе возила.
Сообраќајот на тој дел од автопатот е затворен, а ќе следи истрага. На местото на несреќата интервенирале дури седум екипи на итната медицинска помош.
Шест пациенти биле лекувани во Општата болница во Карловац, тројца во КБЦ Риека, двајца во болницата во Огулин и еден во КБЦ Загреб.