(Видео) Прозорец на авион падна за време на летот во Орегон, имало 170 патници

Видео-Прозорец-на-авион-падна-за-време-на-летот-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авион на Алјаска ерлајнс принудно слета синоќа во Портланд, Орегон, откако персоналот пријавил проблем со притисокот во авионот.


Според Си-Ен-Ен, тоа го изјавиле официјалните лица, додека еден од патниците рекол дека прозорецот на авионот паднал за време на летот. Во авионот имало 171 патник и шест членови на екипажот.

Авионот бил во воздухот околу 20 минути по полетувањето од меѓународниот аеродром Портланд и потоа се вратил на пистата.

Кајл Ринкер, еден од патниците на тој лет, објасни за Си-Ен-Ен дека прозорецот паднал од авионот веднаш по полетувањето.

„Тоа се случи одеднаш. Штотуку стекнавме височина кога издувна прозорецот/ѕидот и тоа не беше забележано додека не се симнаа маските за кислород“, рече Ринкер.

Американските авијациски власти објавија дека станува збор за авион „Боинг 737 Макс 9“, кој доби дозвола за летови на 25 октомври минатата година и дека е покрената истрага за овој инцидент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK