Беким Незири е во полициска станица по нападот врз вработените во контролата за летање

Беким-Незири-е-во-полициска-станица-по-нападот-врз-вработените.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир и вработен во Македонска навигација (М-НАВ), Беким Незири, е во полициска станица и со него се врши службен разговор во врска со вчерашниот напад во М-НАВ.


„Во врска со вчерашниот напад врз вработени во М-НАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н.“, објави МВР.

Министерството за внатрешни работи синоќа информира дека во полициска станица се четири лица поврзани со нападот и со кои се врши службен разговор и дека се трага по уште четворица.

Според официјалните информации, тројца вработени во контролата за летање биле нападнати вчера од свој колега и уште неколку други непознати лица.

МВР вчера за случајот го објави следното:

„Денеска (4.1.2024) во 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во вчерашното соопштение на полицијата.

Од Обвинителството денеска информираа дека во текот на денот ја очекуваат кривична пријава од Министерството за внатрешни работи.

На нападот претходеше објавата дека до 30 оставки ќе бидат поднесени од вработени во М-НАВ поради наместени конкурси и партиски вработувања.

Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски, пото кажа дека групата која упаднала во зградата не била спречена од обезбедувањето и предупреди дека вакви инциденти можат да ја загрозат безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски.

Владата најави дека на следната седница ќе го разреши целото раководство во М-НАВ. Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK