(Видео) Возови се судрија во Индонезија, тројца загинати, 28 повредени, спасувачите извлекуваат луѓе

Видео-Возови-се-судрија-во-Индонезија-тројца-загинати-28-повредени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачите во Индонезија се обидуваат да ослободат две лица заробени меѓу вагоните по судирот на возови во провинцијата Западна Јава утринава во кој загинаа најмалку тројца, а повредени се 28 луѓе, соопштија властите.


Видеата од локалните телевизиски станици МетроТВ и ТВ Компас покажаа дека на патниците им се помага да излезат од вагоните, од кои некои целосно излетале од шините. Брзата помош однела 28 повредени во болница, соопшти полицијата, по несреќата во 6:03 часот по локално време во близина на главниот град на провинцијата Бандунг.

Тројца од загинатите се персонал во возот, изјави Ибрахим Томпо, регионален портпарол на полицијата во Западна Јава, додавајќи дека во возовите имало вкупно 478 патници.

Причината за несреќата се уште не е позната, но железничкиот оператор ПТ КАИ и провинциската влада рекоа дека ќе истражат, заедно со службениците за безбедност во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK