Денвер Нагетс славеа победа во Сан Франциско, над Голден стејт Вориорс 130:127, со тројката на Никола Јокиќ од половина терен, со звукот на сирената. Нагетс во последните седум ипол минути надополнија негатива од 18 поени.
Јокиќ го заврши натпреварот со 34 поени (13/16 од поле, 2/2 од три), 10 асистенции и девет скока и две украдени топки, најдобро го следеше Арон Гордон со 30 поени (11/17) и девет скока, додека Џамал Мареј додаде 25 (8/16, 1/6 тројки) со шест асистенции.
Кари ги предводеше Вориорс со 30 поени, шест скока и четири асистенции, Клеј Томпсон постигна 24, Џонатан Куминга 16.
Ова беше шеста последователна победа на Денвер на гости и 11-та во последните 13 натпревари.
Во вториот натпревар Милвоки Бакс славеа победа 125:121 над Сан Антонио Спарс.
Јанис Адетокунбо ги предводеше Бакс до победата со 44 поени, 14 скока и седум асистенции.
Демијан Лилард постигна 25 поени и имаше 10 асистенции, Крис Мидлтон 12 поени, а Малик Бисли 10 поени.
Во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Девин Весел со 34 поени, шест скока и Виктор Вембањама кој на својот 20-ти роденден постигна 27 поени и имаше девет скока и пет блокади.