„Влаховиќ не е на продажба“

„Влаховиќ-не-е-на-продажба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалскиот клуб Јувентус ги демантираше пишувањата на англиските медиуми дека во зимскиот преоден рок, Душан Влаховиќ би можел да се пресели во Арсенал.

Арсенал зимава реши да се засили со класична деветка, а Влаховиќ по сите барања одговара на потребниот профил на играч.

Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли брзо реагираше на пишувањето на „Скај Спортс“ за трансферот на Влаховиќ во Арсенал.

„Понудата на Арсенал за Влаховиќ? Не знаеме ништо за таа приказна“, изјави Џунтоли, а потоа потенцираше дека „Влаховиќ не е на продажба“.

Влаховиќ оваа сезона во Серија А постигна шест гола на 16 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK