(Видео) Стојкова Серaфимовска: СДС и ДУИ дојдоа на власт ветувајќи чиста животна средина но за жал останаа само на зборови

Видео-Стојкова-Серaфимовска-СДС-и-ДУИ-дојдоа-на-власт-ветувајќи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје веќе повеќе од 10 дена е еден од најзагадените градови во светот, прв во Европа, вели Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.


Прашува што прави Владата за да се справи со вонредната ситуација во која аерозагадувањето ги надминува сите предвидени мерки за здрава животна средина.

Според неа, СДС, дошле на власт ветувајќи чиста животна средина и чист воздух.

„Со особен осврт се зборуваше и се зборува за прашањата поврзани со животната средина. Но, за жал, власта остана на зборови.

Прашува дали вреди да го зголемуваме профитот на компании – големи загадувачи за сметка на здравјето на нашите деца?

„Па зарем децата на СДС не дишат воздух овде?

До каде сме со законот за индустриски емисии? Владата на СДС и градската власт на Шилегов, на секој начин пробуваа да го уништат системот за централно греење во Скопје, со одземање на лиценци за дистрибуција, со превработувања (кои патем не знаат ни каде е компанијата) во ЕСМ во делот на топлификација на Скопје.

Преку Фондот за иновации се испрани милионски суми, кои требаше да придонесат за почист воздух.
Министерството за животна средина веќе 7 години работи како испостава на ДУИ за обезбедување концесии за компании блиски до власта, а никако во интерес на граѓаните. За жал, нашите деца се уште се разболуваат од загадениот воздух“, вели таа.

Оценува дека никогаш не било полошо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK