Бесими за масовните вработувања: Имаше заклучок на Влада оние со договор на дело да добијат редовно вработување, во сите институции

Бесими-за-масовните-вработувања-Имаше-заклучок-на-Влада-оние-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Масовното распишување огласи за нови вработувања во пресрет на двојните избори годинава, министерот за финансии Фатмир Бесими го оправда со одливот на кадар од институциите, но кажа и дека имало заклучок на Влада со кој сите институции во кои има вработени со договор на дело, да им дадат можност за редовен работен однос посебно на квалитетните работници. Последниве две недели, речиси и да нема јавна институција која не објави оглас за нови вработувања, за разлика од истиот период минатите години, кога немало избори па речиси и да нема огласи за нови вработувања.


„Ќе почнам од институцијата на која што јас сум одговорен. Има одлив на кадар од Финансии и тоа треба да се надополни. И тоа не само сега, Ако гледате наназад, на шест месеци сме имале огласи затоа што има одливи. Секоја година има значителен одлив. 2022 година имало 67, 2023 година четириесет и нешто, 2021 година и имало 56 одливи од Финансии. Втор момент што важи за сите институции, имаше заклучок на Влада и после одлука се спроведуваше за сите институции, во рамки на буџетот, на исто нивно на плати, тие што беа на определено време повеќе од две години да може да добијат статус на редовен работен однос. Но тоа преку јавен оглас, на конкурентен начин. Ова е дел од таа поширока реформа затоа што се констатира дека на тие што се со определено време им треба сигурност на работното место, за да привлечеме поквалитетни кадри. И тоа беше за сите институции“, објасни Бесими.

Тој нагласи дека и покрај впечатокот на јавноста за превработеност во јавната администрација, бројот на административците последните години е во опаѓање. Од 87.000 во декември 2021 на 84.200 во септември 2023. Министерот, оправдувајќи ги масовните вработувања периодов, рече дека секоја институција е должна да најде начин да ги привлече ефикасните работници оти „за секое работно место деветмина други чекааат“ Бесими смета дека со реформите и во јавниот сектор треба да се најде начин за контрола на ефикасноста како во приватниот сектор каде што „секогаш ќе се најде некој менаџер кој ќе каже дека не може да работат така“ на оние кои се неефикасни и непродуктивни, но ги држат работните места во јавниот сектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK