Вчера околу 8 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 31-годишниот Х.С. од гостиварски Стар Балиндол, кој се однесувал агресивно и оштетил дел од поставената сообраќајна сигнализација на улица „18 Ноември“ во Гостивар.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.