Налепници „слободна Газа“ на семафорите во Чаир, „Улици и патишта“ со денови не ги одлепува

Налепници-„слободна-Газа-на-семафорите-во-Чаир-„Улици-и-патишта.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Семафорите на крстосницата на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош со улицата Ферид Бајрам, на границата меѓу општините Чаир и Бутел, веќе неколку денови се залепени со налепници на кои пишува „слободна Газа“. Залепени се црвеното и зеленото светло во обете насоки на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, па многумина возачи, кога ќе светне зеленото светло, збунети од она што го гледаат, се случува да не тргнат навреме, па мора да чекаат повторно да се запали зелено светло. Особено видлива е пораката „слободна Газа“ навечер кога воопшто не се забележува дека на семафорот има налепница.


Пораката „слободна Газа“ е особено видлива навечер

„Макфакс“ побара објаснување за налепниците на семафорите од Јавното претпријатие „Улици и патишта“, задолжено за одржување и контрола на вертикалната сигнализација во градот.

Налепници имаат семафорите на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во обете насоки

„Шефот не е тука. Ќе му пренесам дека има прашања“, ни рече господинот што одговори на мобилниот телефонски број на Центарот за управување и контрола на сообраќајот во ЈП „Улици и патишта“.

Прашања за налепниците „Макфакс“ му испрати и на директорот на претпријатието, Ќамил Ковачи, но до објавата на текстот и тој не ги одговори.

Лепенки има на црвеното и на зеленото светло

Семафорот, кој сега има налепници, „Улици и патишта“ многу често го поправа. Граѓаните во неколку наврати досега пријавуваа дека во исто време светат и зеленото и црвеното светло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK