Барса го избрка во 2021 година, сега Јунајтед и Челси нудат 60 милиони за Тодибо

Барса-го-избрка-во-2021-година-сега-Јунајтед-и-Челси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жан-Клер Тодибо (24), дефанзивец на Ница и од на француската репрезентација, е многу блиску до трансфер во Манчестер јунајтед или Челзи. Ова го пишуваат француските и шпанските медиуми, нагласувајќи дека на тој начин Тодибо добива признание за одличните игри во францускиот шампионат.


Ница, во Лига 1 се наоѓа на второто место, а одбраната под водство на Тодибо до декември имаше најмалку примени голови во најсилните европски лиги. Тој може да го напушти клубот за 60 милиони евра, сума која Јунајтед и Челси се подготвени да ја платата.

Ситуацијата со Тодибо внимателно ја следат и во Барселона.

Во зимскиот преоден рок од 2019 година, Барса го купи од Тулуз за еден милион евра. Барселона го отпиша по две и пол години, период во кој одигра само пет натпревари. Барселона го продаде Тодибо во Ница за за 8,5 милиони евра. Благодарение на добрата форма во која игра Тодибо, Барселона од Ница доби и бонус од седум милиони евра.

Она што е важно за Барселона, која има големи финансиски пробле,и, клубот ќе заработи 20 отсто од трансферот. Во оовј случај тоа би било околу 12 милиони евра. Кога се ќе се собере, за Тодибо Барселона издви еден милион евра, а на крајот може да заработи околу 35 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK