Евертон повторно би можел да остане без бодови, со слична казна се соочува уште еден клуб

Евертон-повторно-би-можел-да-остане-без-бодови-со-слична.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Евертон, пред два месеци беше казнет со десет бода поради кршење на прописите за одржливост и профит на Премиер лигата, а сега повторно може да биде казнет. Заедно со Евертон, казна му се заканува и на Нотингем Форест.


„Тајмс“, пишува дека двата клуба се во неволја по заострувањето на правилата поврзани со финансискиот фер-плеј. Најавено е дека за можните казни ќе се одлучува на почетокот на април. Тоа значи дека евентуалното одземање на бодови ќе важи и за оваа сезона.

Според правилата, клубовите не можат да имаат загуба поголема од 105 милиони фунти во текот на три години. Евертон беше казнет затоа што нивните загуби до сезоната 2021/22 беа 124,5 милиони фунти. Нотингем Форест загуби околу 230 милиони фунти од трансфери на играчи во последните три преодни рока.

И двата клуба се борат за опстанок оваа сезона и одземање бодови би ги турнало кон Чемпионшип дивизијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK