Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Јае-Мјунг, кој беше прободен со нож во вратот за време на посетата на градот Бусан на југот на земјата, беше опериран, се опоравува на интензивна нега и е во свесна состојба.
Портпаролот на партијата Квон Чил-сеунг изјави за новинарите дека Ли (59) бил опериран во Националната универзитетска болница во Сеул, каде што бил пренесен веднаш по нападот.
Footage showing the Stabbing Attack earlier against the Leader of the Democratic Party of South Korea, Lee Jae-myung while he was Speaking to a Crowd in the Southeastern City of Busan. pic.twitter.com/uEAabsxzmX
— OSINTdefender (@sentdefender) January 2, 2024
Осомничениот, кој носел хартиена круна со името на Ли, му пришол и му побарал автограм, додека Ли бил во обиколка на градилиштето на новиот аеродром со група поддржувачи и новинари.
Потоа скокнал и го нападнал, пренесува Ројтерс.
Квон рече дека лекарите се сомневаат дека е оштетена југуларната вена.
Напаѓачот бил брзо совладан, а полициски функционер во Бусан рекол дека користел нож долг 18 сантиметри купен преку Интернет.
Тој додаде дека напаѓачот, чиј идентитет не е откриен, е роден 1957 година и изјави дека се истражува мотивот.
Јужнокорејскиот претседател Џун Сукјул го осуди нападот.
„Овој вид насилство никогаш не смее да се толерира под никакви услови“, рече тој.