Трагедија која БиХ и Хрватска не ја забораваат: осум млади луѓе ги загубија животите на новогодишната прослава

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1 јануари 2021 година засекогаш ќе остане во срцата на жителите на Посушје како ден на тага. На тој ден осум млади лица загинаа како последица од труење со јаглерод моноксид во викендица во Трибистово.



Четири девојчиња и четири момчиња се отруле со јаглерод моноксид првиот ден од 2021 година во викендица во Трибистово, општина Посушје. Таа страшна трагедија ги обви во темнина Босна и Херцеговина и Хрватска. Животот го загубија осум млади лица, односно 19-годишните, Мирела Резо, Стјепан Јукиќ, Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Со нив во викендицата, која ја изнајмиле за новогодишната прослава, бил и уште еден млад човек кој единствено го преживеал тој судбоносен дочек, бидејќи наутро морал да оди на работа, па не останал да спие. Според полицискиот извештај, тој заминал во 3 часот и 30 минути, додека останатите планирале да преноќат во викендицата за да си одат дома одморени наутро. Повторно не се разбудија.

На пријателите и родителите им било сомнително што никој не ги контактирал утрото по новогодишната прослава. Родителите успеале да стапат во контакт со соседите до викендицата, а еден од нив скршил прозорец за да влезе во куќата. Но, кога ја отворил вратата, видел страшна глетка. Осум млади луѓе, од кои повеќето ги познавал, седеа неподвижни на каучот или на подот. Тој повикал полиција и Брза помош, која кога пристигнала на местото на несреќата можела само да констатира смрт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK