(Видео) Руски авион по грешка бомбардирал руско село

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на летот на воен авион над регионот Воронеж во Русија дошло до итно ослободување муниција, при што немало жртви, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.



Руски авион по грешка бомбардирал село во областа Воронеж.

„Итното ослободување муниција од авионот се случи на 2 јануари околу 9 часот по локално време додека авионот на руското воено воздухопловство летал над населбата Петропавловка во регионот Воронеж. Нема жртви“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека шест приватни згради биле оштетени по грешка. Покрената е истрага за инцидентот, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

Регионалниот гувернер Александар Гушев изјави дека жителите на неколку улици во Петропавловка се преместени во центар за привремено сместување. Надлежните ќе ја проценат штетата и ќе платат обештетување, најави тој.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK