„Мамо пак не вратија со полиција“ – обиена градинка во Бутел по вторпат за една недела

„Мамо-пак-не-вратија-со-полиција-–-обиена-градинка-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градинката 11 Октомври во скопската населба Бутел 2 утрово повторно е обиена.


Родител на дете кое престојува во градинката за „Макфакс“ вели дека обивање на просториите на установата имало и на 25 декември, а тогаш како и денес децата кои дошле со придружба на родителите биле вратени дома.

„Пак не’ вратија со полиција“, коментирале децата додека родителите чекале повик кога ќе може да се вратат назад и да ги остават  најмалите таму, па да продолжат со секојдневните обврски.

Градинката утрово почнала да ги прима децата околу 8.30 часот по интервенцијата на полициските службеници.

Од МВР за „Макфакс“ велат дека денешниот случај бил пријавен утрово во 06.08 часот.

„На подрачје на Бутел засега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од детска градинка, по што влегол внатре и извршил претурање и, според пријавеното до сега, не е одземено ништо“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK