Новогодишната прослава во Сараево беше вистински спектакл, а жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со Црвена јабука, Забрањено пушење…
Покрај одличната атмосфера, овој дочек ќе остане запаметен и по интересен скеч, пишува „Н1“.
Имено, поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на интересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
По настапот на Бомбај штампа, на сцената излегоа водителите на новогодишната програма и „разговараа со другиот Тито“, а во еден момент се слуша воодушевувањето на публиката.
@adfood2 Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri✨ #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia ♬ original sound – ADFood
Во скечот Тито раскажа и анегдота од познатата новогодишна ноќ кога, како што наведува, Софија Лорен и Елизабет Тејлор „на ќебапи“ го испратиле познатиот холивудски актер Ричард Бартон, кој го глумеше Тито во филмот „Битката на Сутјеска“.