Војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа ќе трае цела 2024 година, изјави портпаролот на израелската армија во новогодишното обраќање до војниците.
„Израелската армија мора однапред да планира бидејќи ќе бидеме повикани на дополнителни воени задачи во текот на оваа година“, рече Даниел Хагари во неделата навечер.
Тој посочи дека за продолжување на војната ќе бидат потребни десетици илјади резервисти, но дека некои од нив ќе се одморат од конфликтот за да се подготват за „долгорочни битки“.
Израел мобилизираше 300.000 резервисти за војната, што е околу 10 до 15 отсто од работната сила во земјата.