Во близина на Венеција се преврте автобус со туристи од БиХ, 10 повредени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автобус со 77 туристи од Босна и Херцеговина се преврте во текот на ноќта во Сан Дона ди Пиаве, во близина на Венеција, Италија. Во автобусот имало и двајца возачи. Пожарникарите извлекувале луѓе од автобусот.



Во несреќата полесно се повредени 10-тина патници. На лице место им била укажана прва помош, а потоа се пренесени во локална болница.

Несреќата се случила околу 2 часот и 30 минути, а туристите се враќале од новогодишниот огномет во Трст.

Како што јави Венеција Тудеј, пожарникарите ги пренеле неповредените туристи во Јесоло, каде ќе чекаат нов автобус за да ги земе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK