Викендов се одржа настанот „Дедо Мраз на мотор“ кој традиционално секоја година го одбележува празничниот период во Свети Николе.
„Најважни ни беа насмевките, а истите ги добивме од огромниот број на деца кои не пречекаа“, велат организаторите.
Десетици моторџии облечени како Дедо Мраз возеа низ улиците во градот.