Новата година почна со бомби: Украина го гранатираше Доњецк, Русија – Одеса, Лавов, Николаев

Новата-година-почна-со-бомби-Украина-го-гранатираше-Доњецк-Русија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири лица загинаа синоќа во украинското гранатирање на центарот на Доњецк, соопштија проруските власти во тој источен регион на Украина, додека локални украински власти објавија дека најмалку едно лице загинало во руските воздушни напади врз неколку украински региони.



Во силното гранатирање на центарот на Доњецк извршено од украинските сили, повредени се и 13 лица, напиша на „Телеграм“ претседателот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин.

Најмалку едно лице загина, а девет се повредени во напад на руски беспилотни летала врз јужното украинско пристаниште Одеса, изјави на Телеграм гувернерот на областа Одеса, Олех Кипер.

Тој додаде дека делови од соборените дронови предизвикале неколку пожари во станбени згради во неколку делови на Одеса, пренесува Ројтерс.

Официјални лица во регионот Лавов во западна Украина, кој граничи со Полска, објавија дека руски воздушен напад на почетокот на Новата година оштетил универзитетска зграда во градот Дублиани и оштетил споменик од Втората светска војна во предградието на Лавов.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија во текот на ноќта ги нападнала и регионите на Миколаев и Днепар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK