Земјотрес од 7,6 степени во Јапонија, издадено е предупредување за цунами

Земјотрес-од-76-степени-во-Јапонија-издадено-е-предупредување-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на централна Јапонија.


Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.

Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција.

Бранови високи повеќе од еден метар го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK