Град Скопје започна со изградба на една од двете новопроектирани улици во Карпош

Град-Скопје-започна-со-изградба-на-една-од-двете-новопроектирани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта, извршија увид во почетокот на градежните работи на изградбата на новопроектираната улица 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош.


Отпочнувањето со изградба на една од двете новопроектирани улици во ова населено место, улицата 4, како потреба произлезе поради изградбата на новиот кружен тек помеѓу булевар „8 Септември“ и улица „Скупи“, како и изградбата на новата клучка кај Момин Поток. Со нивната изградба се овозможува промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на ул.Скупи и на бул. „Никола Карев“, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новата улица на жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап на жителите до нивните домови.

Изградбата на новопроектираната улица број 4 се реализира преку меѓуопштинска соработка, а градежните работи на истата ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK