Јирген Клоп во зимскиот преоден рок ќе мора да донесе лев бек, откако кратко време остана без Енди Робертсон и Костас Цимикас.
Енди Робертсон се повреди во октомври во дресот на Шкотска, а Цимикас заработи бизарна повреда, пред една недела во дербто со Арсенал, кога се судри со својот тренер.
Во Ливерпул сега бараат замена, а како што пренесуваат тамошните медиуми, најблиску до црвениот дрес е поранешен играч на Евертон.
Станува збор за американскиот репрезентативец Антонио Робертсон, познат по прекарот Џедај. Роден е во Англија, а пораснал во Ливерпул. Ја мина фудбалската школа на Евертон, но не успеа да избори место на Гудисон Парк. Евертон го испраќаше на позајмици, а од 2020 година е стандарден во Фулам.
Од 2018 година настапува за репрезентацијата на САД.