Бебе спасено од урнатините на куќа во Газа, мајката и сестрата се убиени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бебе е спасено од урнатините на куќа по израелскиот напад на градот Рафа, во Појасот Газа, и е згрижено во болница.



Мајката и сестрата на девојчето загинаа во нападот на куќата на семејството Абу Едван, каде покрај нив се засолниле и многу други раселени за да се заштитат од нападот на израелските сили, додека нејзиниот татко и брат Хамед преживеале.

Во воздушниот напад загинаа 20 лица, а 55 се ранети, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кидра, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на конфликтот, повеќе од 21.500 Палестинци се убиени, од кои многу деца помлади од 18 години, додека голем број луѓе морале да ги напуштат своите домови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK