Скопје, 29 декември 2023 г. – Samsung Electronics Co., Ltd денес објави дека на CES® 2024 ќе ја претстави својата нова линија правосмукалки со напредна вештачка интелигенција (АI). Bespoke Jet Bot Combo™, правосмукалка и роботски џогер, носи подобрени АI-функции и чистење со пареа за полесно одржување на хигиената во домот.
„Исклучително сум задоволен што можам да ја претставам нашата иновативна линија правосмукалки за 2024 година, Bespoke Jet Bot Combo, која ја користи нашата најнова АI-технологија за целосно подобрување на начинот на користење“, изјави Мујанг Ли, извршен потпретседател и директор на тимот за корисничко искуство во одделот за дигитални уреди во Samsung Electronics. „Со моќната функција за чистење како основа, новиот роботски џогер го усовршува искуството на чистење благодарение на своите иновативни функции. Убедени сме дека чистењето со него ќе биде позабавно“.
Bespoke Jet Bot Combo™[1] носи мноштво напредни функции засновани на АI за почист дом[2]
Bespoke Jet Bot Combo™ е правосмукалка и роботски џогер што се базира на вештачка интелигенција и го подобрува корисничкото искуство за време и по чистењето. Напредната функција за препознавање предмети базирана на вештачка интелигенција, која е применета на Bespoke Jet Bot Combo™, претставува усовршување на технологијата претходно воведена на Bespoke Jet Bot AI+. Го зголемува бројот на предмети што може да ги разликува, а тоа овозможува попрецизно движење благодарение на примената на 3D сензори.
Најзначајното подобрување е тоа што функцијата за препознавање предмети базирана на вештачка интелигенција, исто така, може да препознае простор и дамки за уште поефикасно чистење. Ги одредува и категоризира мапираните области, како што се дневната соба и кујната, и автоматски предлага забранети зони, како што се бањата, терасата или влезот, така што робот-правосмукалката ги избегнува означените области. Дополнително, кога Bespoke Jet Bot Combo ќе открие дамка, се враќа во чистата станица за да ја загрее крпата на пареа и вода под висока температура, а потоа се враќа на тоа место. Благодарение на моќната крпа која се врти со брзина од 170 вртежи во минута, може активно да се отстранат дури и закоравените дамки. Ова води до исклучително успешно автономно чистење што ја намалува интервенцијата на корисникот во различни средини.
Покрај тоа, овој модел може дури и да го препознае типот на подот за уште подобро чистење преку функцијата AI Floor Detect. Таа прави разлика помеѓу тврд под и тепих и потоа автоматски ја зголемува моќта на вшмукување, а тоа е, исто така, погодно за прашината која е длабоко навлезена во тепихот. Исто така, таа спречува тепихот да се навлажни и контаминира со валкана крпа. Кога Bespoke Jet Bot Combo™ ќе открие тепих, тој одредува дали да ја подигне крпата или да ја одвои на чиста станица за да спречи валкање.
Bespoke Jet Bot Combo™ се грижи за искуството на чистење дури и по употребата. Чистата станица обезбедува целосен систем за чистење на крпата во три чекори, кој вклучува автоматско перење, чистење со пареа и автоматско сушење со топол воздух. Откако ќе ја испере крпата со топла вода загреана на пареа под висока температура, ја прска со пареа за да спречи појава на непријатни мириси, што овозможува уште подобро одржување на хигиената.
Достапност
Посетителите на CES® 2024 можат да го посетат штандот на Samsung каде што ќе биде претставен Bespoke Jet Bot Combo™.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.
[1] Моментално e во развој и e предмет на промени
[2] Се базира на нашиот модел за длабоко учење со претходно дефиниран сет на податоци и може да даде нецелосни или неточни информации. Повремено може да се воведуваат нови сетови на податоци во нашиот модел за длабоко учење за да се подобри неговата точност