Едерсон и Ерпс се Златни ракавици

Едерсон-и-Ерпс-се-Златни-ракавици.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилецот Едерсон и Англичанката Мери Ерпс се најдобрите голмани во светот во 2023 година во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).


Едерсон со Манчестер сити освои се: англиското првенство, Купот на фудбалската асоцијација, Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.

Гласањето беше спроведено пред триумфот на „граѓаните“ на Светското клупско првенство, но она што тој претходно го освои со клубот му овозможи на Едерсон убедлив триумф.

Тој доби речиси двојно повеќе поени од неговите двајца најблиски конкуренти, Аргентинецот Емилијано Мартинез и минатогодишниот лауреат , Белгиецот Тибо Куртоа.

Очекуван беше триумфот на Мери Ерпс во женска конкуренција. Англичанката е прогласена за најдобар голман на СП 2023, најдобар голман на Европа во изборот на УЕФА, ја доби наградата „Лав Јашин“ на Франс фудбал, а Би-би-си ја прогласи за спортска личност на годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK