Поради „многу високата“ терористичка закана, Франција ги засилува безбедносните мерки за новогодишната ноќ

Поради-„многу-високата-терористичка-закана-Франција-ги-засилува-безбедносните-мерки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Франција ќе распореди голем број полицајци и војници на улиците за новогодишната ноќ овој викенд поради „многу високата“ терористичка закана со која се соочува земјата, изјави министерот за внатрешни работи на земјата Жералд Дарманин.

Дарманин изјави дека низ Франција ќе бидат распоредени околу 90.000 полицајци, од кои 6.000 ќе бидат во Париз, како и дека на должност ќе бидат 5.000 војници од единицата „Сентинел“, која се справува со терористички закани, додаде министерот.

„Повикав на исклучително висока реакција на полицијата и безбедносните сили со оглед на многу високиот ризик од тероризам поради она што се случува во Израел и Палестина“, рече Дарманин.

Европските безбедносни претставници изјавија дека постои зголемен ризик од напади на исламистите радикализирани од конфликтот меѓу Израел и Хамас, пренесува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK