На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во ,, Затворена казнено -поправна установа Беликесир “-Турција, информираат од Министерството за правда.
„Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело,, Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци , му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена“.