Израелци: Заложници не довикуваа на помош, мислевме дека е заседа, ги убивме

Израелци-Заложници-не-довикуваа-на-помош-мислевме-дека-е-заседа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелски војници убиле тројца израелски заложници во градот Газа на 15 декември, бидејќи мислеле дека се милитанти на Хамас кои се обидувале да ги намамат во заседа со лажни повици за помош, соопшти израелската војска, заклучувајќи дека војниците постапиле правилно во проценката на ситуацијата, објави Ројтерс.


Израелската армија веднаш ја презеде одговорноста за убиството на заложниците, кои беа киднапирани од милитантите на Хамас на 7 октомври во напад на јужен Израел. Хамас киднапираше 240 луѓе. Израелската војска во четвртокот ги објави резултатите од истрагата и заклучи дека „нема ништо злонамерно во инцидентот и дека војниците постапиле правилно според нивната проценка на ситуацијата во тоа време“.

Истрагата покажа дека нема разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека заложниците биле во зградите каде војниците наишле на силен оган. Војската соопшти дека на видеото се гледа како заложниците ги соблекле кошулите и еден од нив вее бело знаме, но тие биле идентификувани како заложници само кога биле прегледани нивните тела.

Нивните повици за помош беа погрешно протолкувани како обид на милитантите да ги намамат војниците во заседа, објаснуваат од армијата.

„ИДФ не успеа во својата мисија да ги спаси заложниците во овој настан. Целиот команден синџир чувствува одговорност за овој тежок настан, жали за неговиот исход и ја дели тагата на семејствата на тројцата заложници“, рече главниот израелски командант Херцл Халеви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK