(Видео) Спектакл на „Амекс“, Брајтон го победи Тотенхем

Видео-Спектакл-на-„Амекс-Брајтон-го-победи-Тотенхем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Брајтон забележаа убедлива победа против Тотенхем во натпреварот од 19. коло на Премиер лигата. Брајтон славеше со резултат 4:2 (2:0).


Намерите на Брајтон на овој меч ги објави Дени Велбек со двете одлични шанси во првите шест минути, а се започна пет минути подоцна кога 18-годишниот Џек Хинселвуд за да му донесе водство на својот тим.

Брајтон имаше серија шанси, стативата неколку пати се тресеше и веќе во 23. минута Брајтон имаше два гола предност.

Овој пат Жоао Педро ја погоди мрежата од белата точка.

Во 38. минута голот на Факундо Буонаноте за домашните беше поништен поради офсајд.

Тотенхем ја имаше првата вистинска шанса во судиското надополнување на првото полувреме, но Ришарлисон ја погоди стативата.

Бразилецот беше во центарот на вниманието во првата минута од вториот дел кога неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Во 63. минута Брајтон го постигна третиот гол, Первис Еступијан од дваесетина метри испрати вистински проектил во мрежата на гостите.

Во 76. минута нов пенал за Брајтон и втор гол на натпреварот на Жоао Педро.

Тотенхем успеа да постигне во 81. минута. Стрелец беше Алехо Велиз.

Само пет минути подоцна Дејвис намали на 4:2. До крајот Тотенхем силно притисна но не успеа да постигхе уште некој гол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK