Владее неверојатна пандемија на нарцисоидно растројство. Или – темни манипулаторски сили. До неверување.
“Ама сите сме нарциси по малку!”
Да, но, еквивалентно на телесни болести, како за пример: Сите имаме тегоби повремено, некои имаат метастазиран рак. На сите ни паѓаат влакна од коса или остануваат со голо тепе – некои ја губат целата коса на главата, и да не редам примери.
Тажно е, едноставно, не вреди ни да почнеш некаков разговор или дебата со пола од народов. Откажи се од старт, само ќе бидеш исцицан и плукнат, ќе бидеш прогласен за луд и секој твој праведен збор ќе биде стократно искористен против тебе.
Што мислите, зошто се разви толку оваа пандемија?
Јас верувам дека е зашто му допуштивме на егото да царува, наместо духот. Зашто сме страшно разбеднети по дух. Тоа ќе да е.
Не давајте енергија, не правете “нарцисоидни Дрини”. Тоа е само страшна запоседнатост на која чистата и праведна душа и е најголем и најсладок оброк. Или што викаше татко ми – море ич, ни мрсул не фрлам таму. (пардон мај френч)
Какви се вашите искуства? Ете, уште ова се дрзнав да споделам