Ноќеска околу 1 часот и 15 минути на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот тетовец Б.Л.
Тој претходно бил пријавен од 25-годишна тетовка, со која порано бил во љубовна врска, дека ѝ се заканувал.
Полицијата соопшти дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.