Тимошенко го повика Зеленски да го претстави планот Б: „Украина нема да може вака уште долго“

Тимошенко-го-повика-Зеленски-да-го-претстави-планот-Б-„Украина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, денеска го повика претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Украинците да им го претстави таканаречениот план Б, кој треба да ја изведе земјата од „тешка и прилично трагична позиција“.


„Сакам да му се обратам на претседателот и да го прашам. Да, денес сите сме за победа, за Украина, за територијален интегритет. Но, на Украина ќе и биде многу тешко да води долготрајни војни како оваа што се води денес. И затоа го прашувам претседателот: има ли да и понуди на земјата план Б за нашата победа. Понудете излез од оваа тешка, прилично трагична ситуација. Покажете го вашето лидерство. Мора да дејствуваме јасно, рационално, стратешки и победнички. И да не влегуваме во ќорсокак, ако тоа некому му се допаѓа“, рече Тимошенко во видеото што го пренесоа украинските медиуми.

Поранешната премиерка на Украина не посочи каков би можел да биде тој план Б. Од друга страна, познато е дека „планот А“ на Зеленски предвидува продолжување на борбите до враќање на границите од 1991 година и неподготвеност да преговара со Москва за каков било прекин на огнот, додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, пишуваат медиумите.

Покрај тоа, Тимошенко предложи да се испратат членови на сите безбедносни структури на земјата на фронтот – од полицијата и државното обвинителство, преку други агенции за спроведување на законот, бидејќи сите тие знаат да користат оружје и „знаат да водат војна“. Ова, вели, е подобро отколку да се намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години, пренесува РТ Балкан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK