Во верижен судир на автомобили, автобуси и камиони во Турција загинаа 11 лица, над 50 патници во болници

Во-верижен-судир-на-автомобили-автобуси-и-камиони-во-Турција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.


Во верижниот судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во близина на населбата Дагдиби во провинцијата Сакарија, јави новинската агенција Анадолу.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седуммина се во тешка состојба.

„Според првите сознанија, најголем број загинати во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои излегле од возилото. Полицијата е на терен и истрагата е во тек“, изјави Карадениз, пренесува Хабертурк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK