Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за користење мобилен телефон при возење…“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.