Напаѓачот на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот од страна на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Според резултатите од гласањето, Халанд доби 208 поени.
Второто место му припадна на асот на ПСЖ и француската репрезентација, Килијан Мбапе (105 поени), додека трет е славниот Аргентинец Лионел Меси (85), кој од летото е играч на Интер Мајами.
Во топ 5 се најдоа и Родри (Манчестер сити, 55 поени) и Џуд Белингем (Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, 34 поени).
Халанд ја доби оваа награда за прв пат во кариерата. Оваа сезона 23-годишниот Норвежанец одигра 22 натпревари за Манчестер сити, постигна 19 гола и забележа пет асистенции.
IFFHS MEN’S WORLD BEST PLAYER 2023
AWARDS 2023 – ERLING HAALAND, THE WORLD’S BEST PLAYER 2023!
For more information, visit the website:https://t.co/sAKgUkGtcm#iffhs_news #awards #history #statistics #world_cup #winners #players #national #international #top #best #iffhs pic.twitter.com/tDDUlRgjVJ
— IFFHS (@iffhs_media) December 26, 2023