Сообраќајот се одвива во зимски услови, магла во Струмица и Тетово

Појава-на-магла-со-видливост-до-100-метри-има-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 21:45 часот, вчера вечер сообраќајот на патот Струмица – Валандово е нормализиран, извести АМСМ.



Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 до 80 метри има во Струмица, а магла со видливост до 100 метри има во Тетово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK