Полицајците ја пронајдоа 15-годишната Едина Малагиќ, која во Тузла била пријавена за исчезната од нејзината баба.
Аднана Спречиќ, портпарол на полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, потврди дека девојчето било пронајдено утрово околу девет часот.
„Девојчето е пронајдено живо, здраво и без никакви повреди или траги на насилство. Самоиницијативно се оддалечила од дома“, изјави Спречиќ за сараевскиот портал Кликс.
Полицијата презема мерки и дејствија за утврдување на причината.
Според пријавата на бабата, девојчето вчера наутро излегло од дома.