Жена од Кочани измамила двајца од Тетовско дека за пари ќе им обезбеди бугарски документи

Жена-од-Кочани-измамила-двајца-од-Тетовско-дека-за-пари.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи, извести СВР Тетово.


„До пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK